
Есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ нема да се одржи в среда, што значи тој ден редовно ќе се оди на работа.
Надлежните велат дека датумот кога ќе се одржи акцијата сѐ уште не е договорен, а кога ќе се утврди, навреме ќе биде соопштен.
Се очекува годинава ЈП „Македонски шуми“ да засади од четири до пет милиони шумски садници на површина од над илјада хектари. Со есенската акција приоритети за пошумувањето годинава ќе бидат опожарените површини, голини во и надвор од шума, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини и локации покрај природни и вештачки езера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


