Новата повреда на Лионел Меси ќе го одвои од терените шест до осум недели, а фудбалерот на Барселона изјави дека е бесен поради тоа.
– Бесен сум затоа што не го очекував ова. Исто така лут сум што повредата дојде веднаш откако се опоравив од претходната. Но нема ништо необично во целата ситуација. Повреден сум, но не затоа што се променив. Се повредив затоа што тоа мораше да се случи. Ќе продолжам со истиот план кој го одредив на почетокот на сезоната. Луѓето говорат сешто, а воопшто не ја знаат вистината – рече Меси.
Аргентинецот, повредата на задната ложа ја заработи на мечот против Бетис, а по прегледот на лекарите, тие констатираа дека тој ќе паузира два месеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


