| четврток, 6 декември 2018 |

Две неподвижни баби заробени во куќа што се урива во центарот на Скопје

srusena kuka1

Пукнатина, навалена куќа, влезот и терасата речиси целосно одвоени од објектот…  чувство на страв дека целиот станбен објект ќе пропадне в земја во секој момент за миг од кај домаќините се пресели и кај нас. И да е трагедијата поголема, ова не се случува во некое заборавено ќоше на Земјината топка, туку во центарот на Скопје, на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што од вчера две семејства буквално се истерани од своите домови бидејќи стравот дека двокатната семејна куќа може да се урне во секој момент е сѐ поголем. Причината за уривањето на куќата е фактот што во истиот двор се гради нов објект, па заради ископот за новата, градба настрадале соседите.

Во приказната, која ја објави „Вечер“, се вели дека дел од семејствата што живеат во куќата успеале да избегаат, но внатре во текот на вчерашниот ден останаа заробени две неподвижни бабички, за кои се барало решение како безбедно да бидат извадени надвор затоа што влезот до куќата е буквално урнат и по скалите е невозможно да се помине. Друг приод до објектот нема.

– Во моментов најголем проблем е тоа што во становите има две неподвижни бабички и не знаеме како да ги извадиме оттаму. Едната баба е падната долу, бара помош, но никој не може да влезе и да ѝ помогне“ – со растреперен глас ни кажа Лилјана Стојмановска, којашто живее во станот број два. Таа раскажува дека уште во саботата во доцните часови забележале дека кај влезната врата има пукнатина, која до следниот ден, поради фактот што на новиот објект продолжиле градежните работи, речиси двојно се зголемила. 

Наредниот ден од рано наутро работниците пак почнале да работат, а веќе напладне забележавле дека пукнатината сѐ повеќе се зголемува.

Целата приказна, како и повеќе фотографии од зградата, погледнете на веб-сајтот на Вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top