
Елефтериос Карајанис на конференцијата организирана од поранешни амбасадори за националните прашања, откри детали од шести јуни 1993та кога по иницијатива на тогашниот српски претседател Милошевиќ за малку не бил потпишан договор, пренесе Канал 5. Атина се согласила но побарала и уставни промени.
– Тој муабет или комуникацијата што се случи со Глигоров, во мое присуство во кабинетот на српскиот претседател заврши со прифаќање на Глигоров на името Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски. За да го потпише ова Глигоров, беше потребно да обезбеди 81 пратеник. Тогаш имаше 75-76, од 120 му беа потребни 80 пратеници. Му го кажавме тоа, рече во ред, ќе се обидам да го убедам Андов. Во понеделник дознавме дека ова не беше прифатено од Андов,а подоцна бевме известени дека странска влада се вмешала за да се спречи овој договор – вели Елефтериос Карајанис – почесен амбасадор, прв грчки преговарач во разговорите за името.

За Карајанис актуелната грчка позиција е неприфатлива, тој е против сложено име, бидејќи како што вели проблемот не е географски туку етнолошки, додека пак за Нимиц, вели дека предлозите му се во наша корист.
Според Карајанис за решението кое ќе се договорат Македонија и Грција,би требало да одлучи и грчкиот парламент но и грчкиот народ на референдум, а токму ова беше и во писмото кое тој и неговите колеги поранешни амбасадори, неодамна го испратија до Самарас.
Ова необврзна комуникација е втор обид и второ писмо на поранешните амбасадори да влијаат врз грчката надворешна политика. Првото е од февруари 2011 до тогашниот премиер Папандреу а второто од 10 октомври оваа година до Самарас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


