| четврток, 6 декември 2018 |

Нов формат од 2017 на ЕП во кошарка

Кошаркарските европски првенства од 2017 година ќе се играат според нов формат. Промената ја донесе Бордот на ФИБА Европа на состанокот во Мадрид. Новиот систем на натпреварување подразбира промена во втората фаза од натпреварувањето.

Според новиот систем, по првата фаза веднаш ќе почнат елиминациски натпревари. Промените се направени бидејќи репрезентациите на претходните првенства со порази во втората фаза „ги бираа“ противниците за четвртфиналето, а со оваа промена ќе се намалат и деновите на траење на првенството, на што реагираа клубовите, играчите и тренерите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top