| четврток, 6 декември 2018 |

Паднаа првите казни за користење нелиценциран софтвер:600.000 денари за компанија од Тетово

Десет илјади евра казна добила тетовска компанија поради користење нелиценциран софтвер. Ова е една од неколкуте изречени казни за пиратерија во државава. Македонска компанија од Тетово пред десетина дена добила судска казна во висина од 600 илјади денари затоа што не користела лиценциран софтвер од компанијата „Мајкрософт“, велат од координативното тело за интелектуална сопственост. Ова е еден од последните во низата примери на казни изречени не само на компании туку и на физички лица за непочитување на авторските права.

Во изминатите неколку години со координирани акции на повеќе институции се поднесени над 400 обвинителни акти за пиратерија. Покрај познатите цедиња, одземени се специјализирани машини за производство на „пиратски“ цедиња, кои биле увезени од Бугарија, стотици компјутери и други опреми за вршење на оваа дејност, а дури 83 компании и трговски друштва добиле забрана за вршење на дејноста, информираат од координативното тело за интелектуална сопственост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top