Повредени и приведени тоа е епилогот од масовната тепачка која избила синоќа во ноќен клуб во центарот на Скопје, по вербална расправија на две девојки
Според податоците на МВР, инцидентот се случил во 03,15 часот во Скопје во ноќниот клуб „Социјал“, на плоштад Македонија.
По претходна расправија помеѓу две непознати девојки, две групи од по неколку лица се обиделе да ги раздвојат, но истото прераснало во тепачка која продолжила и надвор пред ноќниот клуб, стои во полицискиот билтен.
Тројца учесници во тепачката, И.Б.(18), С.С.(24) двајцата од Скопје и М.В.(21) од Битола, со возило на брза помош биле пренесени во градската болница.
Притоа им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се приведени во ПС, каде како учесник е донесен и Н.Н.(18) од Скопје
Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


