| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Светскиот ден на дијабатесот

По повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, меморандум за соработка денеска во Скопје потпишаа Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Научното здружение за ендокринолози и дијабетолози.

Документот предвидува соработка на овие институции и здруженија за превенција на дијабетес, негово рано откривање и спречувањето на компликациите преку подобар третман.

– Здруженијата прават големи напори да ја подигнат свеста за дијабетесот кај сите граѓани кај болните од оваа болест. Во Македонија бројката на заболени од дијабетес е близу 185 илјади лица, а нашата цел е со заеднички напори на сите релевантни фактори таа да се намали до 80 илјади лица, рече претседателот на Сојузот на здруженија на дијабтичари д-р. Аврам Ванковски.

Директорката на ФЗОМ Маја Змејковска-Парнаџиева изјави дека со Меморандумот за соработка се дефинираат неколку вида мерки и тоа за превенција, за рано детектирање и за контрола на оваа состојба.

– Дијабетесот не е болест туку состојба со која може нормално да се живее па дури и поздраво бидејќи лицето мора здраво да се храни, рече Парнаџиева Змејковска.

Таа најави дека заедно со матичните лекари и сите здруженија за справување со дијабетесот во подготовка е проект за негово рано детектирање на примарно ниво и создавање мрежа за подобра контрола на оваа боест.

На прашање Ванковски изјави дека состојбата со лековите за дијабетес е добра, ги има потребните медикаменти, а нивните настојувања се за набавка на квалитетни лекови.

Дијабетесот се смета за болест, но и состојба. Ги зафаќа крвните садови и може да предизвика други болести. На преку еден милион луѓе годишно во светот им се вршат ампутации поради гангрена предизвикана од дијабетесот, а тој е и прва причина за слепило во светот.

Во рамки на одбележувањето членките на Сојузот ќе одржат симболичен марш и на плоштадот во Скопје ќе го направат познатиот син круг со кој што ширум светот се означува борбата со дијабетесот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top