| четврток, 6 декември 2018 |

По наредба на судот, Фламенго ги поевтинува влезниците

Судот во Бразил му нареди на популарниот фудбалски клуб Фламенго да ги намали влезниците за натпреварот од националниот куп против Атлетико Параненсе.

Пресудата е донесена еден ден откако челниците на Фламенго биле во полиција на испитување, бидејќи не ги донеле документите кои им ги барала власта, по оцената дека поскапувањето е злоупотреба.

Билетите по ова намалување биле поефтини за околу 50 отсто. Почетната цена се движела од 110 до 350 долари, што и вака тоа е поскапо од вообичаено.

Популарниот состав има право на жалба, меѓутоа продажбата на влезниците е веќе во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top