| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на пуштањето во употреба на резервоар за вода во Јегуновце

Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на тетовско-гостиварскиот регион каде ќе бидат пуштени во употреба повеќе објекти финансирани од Владата.

Премиерот Груевски придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ќе присуствуваат на пуштање во употреба на резервоар за вода и цевковод од регионалниот водовод до резервоарот и обратно, во близина на селo Сиричино, општина Јегуновце.

Претседателот на Владата на Република Македонија придружуван од министерот за образование и наука Спиро Ристовски ќе присуствува и на промоција на студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и природни производи инсталирана на Природно-математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Во Гостивар, пак, премиерот Груевски и министерот Ристовски заедно со градоначалникот Невзат Бејта ќе ја пуштат во употреба спортската сала во основното училиште „Исмаил Ќемал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top