Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на тетовско-гостиварскиот регион каде ќе бидат пуштени во употреба повеќе објекти финансирани од Владата.
Премиерот Груевски придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ќе присуствуваат на пуштање во употреба на резервоар за вода и цевковод од регионалниот водовод до резервоарот и обратно, во близина на селo Сиричино, општина Јегуновце.
Претседателот на Владата на Република Македонија придружуван од министерот за образование и наука Спиро Ристовски ќе присуствува и на промоција на студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и природни производи инсталирана на Природно-математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
Во Гостивар, пак, премиерот Груевски и министерот Ристовски заедно со градоначалникот Невзат Бејта ќе ја пуштат во употреба спортската сала во основното училиште „Исмаил Ќемал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии