Вкупно три тепачки на автобуски постојки се регистрирани во полицискиот билтен за вчерашниот ден.
Освен тепачката што се случи во селото Синѓелиќ, кога 10-15 маскирани лица претепаа осум средношколци во автобус, во четвртокот околу 13 часот на улица „Трета македонска бригада“ околу 15 ученици без повод и причина нападнале седумнаесетгодишно момче на автобуската станица. Малолетникот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Уште еден инцидент се случил овој четврток, и тоа на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, кога непознато лице без повод и причина нападнало две шеснаесетгодишни момчиња.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)