Дуле не сакаше да го остави алкохолот, вели Коки во интервју за „Еден на Еден“. Недела, во 19.40 часот на „Алфа“, единствен гостин ќе биде Никола Јанков, на јавноста познат како Коки од „Дуле и Коки“. Минатата сезона од „Еден на Еден“ цела емисија беше посветена само на Лино Червар, Калиопи и на Фуфо, така што веќе знаеме што нѐ очекува и овојпат.
Коки во неговото прво сосема отворено и искрено телевизиско интервју ќе проговори за најубавите и најлошите моменти од 25-годишното познанство со Дуле.
Живите свирки, жените, алкохолот, бизнисот и сето тоа што го натерало пред пет години да сврти лист и драстично да се промени. Ќе зборува за тоа како Дуле не го прифатил тоа, што на крај доведе и до бавен и болен распад на едно од најпознатите музички дуа.
Запрашан за моментите кога се обидувале да го спасат од неминовното и најлошо, кога Дуле тврдоглаво одбивал да добие каква било помош, Коки само ќе каже „Пробавме сѐ! За сѐ, одеше до крај, па и со ова. Не сакаше да го остави алкохолот…“
Гледајте ја најновата епизода „Еден на Еден“, оваа недела во 19.40 часот на „Алфа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.