Словенечката влада синоќа доби поддршка од Парламентот, а потоа пратениците го донесоа и Законот за извршување на буџетот за наредните две години.
Законот содржи мерки за намалување на трошоците, меѓу другото, за кофинансирање на општинските инвестиции, ја елиминира валоризацијата на пензиите и социјалните трансфери и утврди обврска да се намали бројот на вработени во јавниот сектор. Законот го определува и обемот на задолжување со што државата ќе може да се задолжи со 4,9 милијарди евра следната година и 2,7 милијарди евра во 2015 година. Со законот се проширува важноста за зголемениот ДДВ до крајот на 2015 година, а, исто така, се усвои повисок данок на имот кој ќе почне да се применува од 1 јануари следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.