| четврток, 6 декември 2018 |

Неделава испратени 143.000 СМС до родителите за успехот на нивните деца во училиште

Новиот начин на информирање на родителите за успехот на учениците успешно се реализира. Министерот за образование, Спиро Ристовски, задоволен од одвивањето на процесот кој почна во понеделникот, а со кој родителите, односно старателите на учениците, податоците од електронскиот дневник ги добиваат преку бесплатни пораки.

– Одлично се одвива целиот процес, пораките се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по е-пошта. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои сѐ уште немаат доставени броеви, а сакаат да го направат тоа во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни – рече Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top