Во тајфунот Хаијан, кој ги опустоши Филипините кон крајот на минатата недела, досега загинале 4.460 лица, покажуваат најновите податоци објавени од ОН.
Светската организација ги добила потврдите за бројот на жртвите од филипинските власти. Околу 920.000 луѓе ги напуштиле своите домови поради силната бура, а вкупно 11,8 милиони граѓани се загрозени од тајфунот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


