| четврток, 6 декември 2018 |

Првата фотографија од „50 нијанси сиво“

За екранизацијата на бестселерот „50 нијанси сиво“ се крена повеќе прав дури и од онаа за самиот роман. Актерите што ќе ги играат милијардерот Кристијан Греј и неговата партнерка низ сексуалните авантури Анастасија Стил ја направија и првата официјална фотосесија пред почетокот на снимањето на филмот.

По многу одбирања, одбивања и замени, главната улога во филмот му припадна на Џејми Дорнан, кој досега имал мало искуство на големото платно, но затоа, пак, неговите фотосесии и фотографии од времето кога бил модел го задоволија вкусот на поголемиот дел од публиката, која активно го следеше секој чекор на продуцентите.

И за ќерката на познатите актери Мелани Грифит и Дон Џонсон,пак, Дакота Џонсон, ова ќе биде прво поголемо искуство на филм за кој веќе се прогнозира дека ќе соборува рекорди во киносалите низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top