Американските медиуми ги пренесуваат најновите гласини за љубовните интереси на холивускиот ерген Леонардо ди Каприо, кои до неодамна наводно биле насочени кон музичката ѕвезда Ријана. Сепак, на забавата по повод 40-годишнината на шоуто „Сатрдеј Најт Лајв“, Леонардо не се одвојувал од моменталниот холивудски хит, актерката од „Педесет нијанси сиво“, Дакота Џонсон.
Како што пренесува порталот „Лејни Госип“, актерот се обидувал на секој начин да ја импресионира Дакота, а таа цело време се правела како тоа да не и е гајле.
– Можеше да се види на неа дека ѝ годи такво внимание. Во еден момент, Леонардо нежно ја стави неговата рака на нејзинот рамо и ѝ шепна нешто, откри непознат извор.
Џонсон неодамна раскина со долгогодишниот дечко Метју Хит, наводно поради улогата во еротичниот филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.