Американската ѕвезда Тина Тарнер, која живее во Швајцарија веќе 20 години, се откажа од американското државјанство, според пишувањето на „Вашингтон пост“.
Како што пишува весникот кој се повикува на извештајот од американската амбасада во Берн, пејачката во таа амбасада во октомври потпишала изјава со која се откажува од американското државјанство.
Тина Тарнер во јули се омажи за 17 години помладиот германски продуцент Ервин Бах, а по само три месеци доби швајцарско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.