| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен дресот на Барса за наредната сезона

Шпанскиот магазин „Ел Мундо Депортиво“ откри како ќе изгледаат дресовите на Барселона за наредната сезона.

Од весникот велат дека добиле пристап до изгледот на дресовите кои на некој од наредните состаноци ќе бидат потврдени од лидерите на каталонскиот клуб.

Првиот дрес е во традиционалната варијанта со додаток на мало знаме на Каталонија под јаката, а другиот дрес е во портокалова боја, исто како и сегашните гостински дресови на Барселона.

„Ел Мундо Депортиво“ додаде дека гостинскиот дрес од оваа сезона, кој асоцира независност на Каталонија, е најпродаван во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top