Перо Антиќ и Атланта Хоукс ноќеска го доживеаја четвртиот пораз сезонава. На домашен терен беа поразени од Њујорк никс со 95-91 и покрај тоа што во последната четвртина влегоа со предност од три поени откако надоместија негатива од минус 10.
Перо Антиќ одигра речиси 13 минути и постигна четири поени од кои два од линијата за слободни фрлања (1/3; 0/0; 2/2). Воедно имаше и пет скока и две асистенции.
Најдобар во неговиот тим беа Тиго со 25 поени и Хорфорд со 23.
Кај гостите прв стрелец беше Кармело Антони со 25 поени. Атланта сега има скор од 4 победи и 4 порази.
За добрата атмосфера и убавото расположение на фановите на „јастребите“ се погрижија клупските танчерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.