СВР-Скопје, до надлежното ОЈО-Скопје ќе поднесе кривична пријава против лицето Т.В.(26) за сторено кривично дело – убиство во обид, предвидено и казниво согласно чл.123 вв чл.19 од КЗ на РМ.
Пријавениот, кривичното дело го извршил на тој начин што вчера (12.11.) околу 15.30 часот на локалниот пат во село Долно Количани, Драчево, додека УПС од ООП “Југ“, заедно со друг УПС вршеле служба по наредба, наместо да сопре со возилото што го управувал (ПМВ “лада“ без регистарски таблички со прикаќена товарна приколка) на сигнализацијата на полицискиот службеник, тој продолжил да вози и тоа во правецот каде што стоел полицискиот службеник по што го удрил со возилото. Од ударот полицискиот службеник паднал на земја успеал да го извади службениот пиштол и да испука еден куршум во воздух. Пријавениот пак заедно со лицето С.Н. (38) кој бил на совозачкото место продолжил да вози и го напуштил местото на настанот.
Вчера вечер околу 21 часот во ПС ОН Драчево Т.В, заедно со С.Н. се самопријавиле во полициската станица. Од страна на ЕИМНВ на СВР Скопје извршен е увид на лице место, од каде се подигнати траги и една чаура од испукан куршум и истите се предмет на вештачење заедно со возилото со кое е извршено кривичното дело. Од страна на ИМП кај полицискиот службеник констатирани се ТТП и истиот е хоспитализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.