Некогашниот фудбалер на Каталонците Хуан Роман Рикелме, изјави дека на шпанскиот првак не му е потребен тренер за да има одлични резултати.
„Барселона игра добро и без тренер. Минатата сезона беше без стратег пет месеци и стана шампион во Примера. Екипата ќе претрпи големи проблеми кога Чави, Меси, Иниеста, Пујол, Бускетс и Пике повеќе нема да играат“, вели Рикелме за шпанските медиуми.
Неговиот договор со тимот на Бока Јуниорс истекува во јуни идната година, меѓутоа тој и натаму има голема желба да игра фудбал.
„Ќе седнам со претседателот Ангеличи и се надевам дека за половина минута ќе се договориме околу идната соработка. Доколку тој ме сака во составот, ќе продолжам да играм за Бока. Во спротивно, нема да биде ништо страшно и ќе заминам некаде да играм“, заклучи Рикелме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


