| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски најави нови инвестиции

LIDERI-2-Gruevski

Голема европска компанија ќе инвестира во Македонија во дејност поврзана со телекомуникациите. Премиерот Никола Груевски денес истакна дека во оваа компанија ќе бидат вработени повеќе од 1.000 лица.

– Оваа компанија ќе работи со повисоки технологии, а, според најавите, ќе се вработуваат лица со високо образование од различни струки, но истите ќе имаат обука за соодветната дејност која ја бара компанијата – нагласи Груевски.

Премиерот очекува компанијата да ја објави оваа инвестиција кон крајот на овој или почетокот на идниот месец.

Покрај оваа, Груевски најави дека во сам финиш се уште две инвестиции од областа на медицинската индустрија.

– Една турска компанија најави првично вработување на 250 лица. На денешната седница на Влада треба да помине договорот за закуп на земјиштето, а лица од компанијата веќе на терен вршат геомеханички истражувања – посочи премиерот.

Исто така, Груевски очекува третата инвестиција да биде објавена наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top