Ракометарот на Металург, Филип Миркуловски, ја заслужи наградата „13 Ноември“ за најдобар спортист на Град Скопје за 2013 година. Миркуловски беше еден од главните творци на историскиот успех на тимот од Автокоманда, кој играше во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Металург, сепак, не ја доби наградата за најдобра екипа, туку признанието замина кај ракометниот клуб Вардар, кој ја освои домашната титула.
Индира Кастратовиќ е најдобар тренер кај дамите, а во главната машка улога е селекторот на боксерската репрезентација на Македонија, Руждија Калач.
Наградата за животно дело „13 Ноември“ ја добија фудбалскиот селектор на женската репрезентација Добре Димовски, Димитрија Поповски значајна фигура во македонското пливање и ексселекторот на фудбалската селекција на Македонија, Андон Дончевски, кој ни беше прв селектор од осамостојувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


