| четврток, 6 декември 2018 |

Летнало парче од машина за брусење и му се забило в глава

brusilica

Гостиварски работник е пренесен на скопските клиники откако се здобил со тешка повреда додека работел. Се работи за 21-годишниот Б.Р. кој вчера околу 17 часот во магацинот на фирмата „ММ инокс“, кога сопственикот на фирмата М.Б. вклучил машина за брусење и за полирање, дел од машината се скршил, летнал кон младото момче и го повредил.

Тој со тешки повреди на левата рака и на рамото веднаш бил пренесен на клиниката во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top