Кичевската полиција синоќа пронашла еден килограм марихуана во автомобил „БМВ“ што го напуштиле неколку лица откако ги забележале полицајците, информираат од СВР Охрид.
Од полицијата соопштуваат дека околу половина час по полноќ полицајците забележале неколку сомнителни лица и кога почнале да им се приближуваат, лицата побегналe зад себе оставајќи го автомобилот.
При претресот на автомобилот биле пронајдени пакети облепени со селотејп и било утврдено дека станува збор за марихуана. Во возилото биле пронајдени и други предмети и документи.
Во моментов локалната полиција е во потрага по сопственикот на автомобилот и лицата кои синоќа побегнале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.