Токму за ова искуство Стјуарт сними и документарен филм. Во интервју со српскиот весник „Наше новине“, тој открива дека во Србија се чувствува како дома и веќе се смета за градоначалник на Белград.
– Идејата да се направи филм во Белград, а со самото тоа и за Белград, се роди спонтано, откако син ми ми откри колку многу обожаватели имам овде и колку луѓе би сакале да дојдам во посета. Верувајте ми, навистина е чудно кога одненадеш ќе се соочите со фактот дека таму, некаде далеку постојат луѓе, град, кои ви скандираат во време на еден тежок период… Не знам дали постојат многу луѓе на овој свет што можат да се пофалат со вакво искуство. Моите сеќавања се, навистина, убави и ги вклучуваат необичните убавини на вашиот град и неверојатниот шарм на луѓето со вашиот специфичен хумор – изјави Ник.
Дел од промоцијата на филмот е и, наводно, кандидатурата за градоначалник на Белград.
– Јас веќе се сметам за градоначалник на вашиот град бидејќи по овој филм, по искуството што го здобив со настапите по филмските фестивали, јас се обидов да им покажам на другите колку е прекрасен овој град, колку потенцијал лежи тука, колку е овој народ драг, добар, смешен, интелигентен. Всушност, јас сум почесен градоначалник на градот и затоа не е потребна кандидатура – вели актерот.
Стјуарт признава дека, можеби, не е посебно фасциниран од новите градби во Белград, но затоа, пак, е одушевен од белграѓанките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.