| четврток, 6 декември 2018 |

(Писмо) Мобинг во текстилна фабрика: Ве молам помогнете, шефот нè навредува и нè малтретира

mobing

Јас сум вработена во модната конфекција АД „Ф. М.” од Штип.
Ова писмо го имам препраќано до многу од самонаречените и самопрогласените „доаени” на македонското новинарство.
Нити се ангажираа, нити го објавија, нити ми вратија. Најверојатно затоа што овде се работи за судбината на обичниот човек, судбина која никој не го тангира. Или можеби затоа што од оваа тематика не се собираат политички поени.Кого го занимаат грпките на работничката која триесет и кусур години бува на машина?
Кого го занимаат брчките на мајката која триесет и нешто години го вади лебот за своите деца со игла?
И се е тоа во ред.
Ние ретко сме се пожалиле и ретко цимолиме. Да се биде жена во Штип, значи да се биде борец. Ние сме жени воини , кој трпат се во името на своите деца.
Но преку оваа тортура која ја дишеме подолго време не можам да поминам. Јас како жена не можам да поминам преку навредите кои ни се упатуваат веќе подолго време.
Во нашата конфекција имаме технички директор Л.M. Навидум сосема небитно име за македонската јавност. Но човек чие име моите колешки ги асоцира на страв, викање, мобинг…Овој човек ги бои нашите секојдневија со реченици како:
„А мури ороспијо, кај глеаше! ”
„Шо трчаш ма како прле, пред магаре. Магарицо недна!”
„Ваа струмичката магарица, па ја нема на работа ”
„ Као не ти се скапа главата, па иглата ја скапа мури краво недна! ”
„Ти мури нели не фаќаше , не фаќаше, како се одеднш почна да фаќаш!? Не можеш да се изнаебеш со тај маж ти! ( навреда упатена на жена од 35-6 години која петнаесет години немаше дете и поради бременоста не можеше да остане до 17 часот.) ”
„ Тоа ти е како кучиња ко ќе се заклечкат на ебање, така и она изглеа со маж и, па затоа ја нема на работа. ”
Дури се случи еднаш да вецето кога беше затворено заради чистење да и се обрати на хигиеничарката, на цел глас пред толку жени со:
„Отварај ма или ќе го извадам тука да мочам!”
Жената кога отвори, се случи во кавгата ( затоа што таа не молчеше, туку му возвраќаше) дури и да се дрзне да ја удри. Уште и зборови упатени кон работничките како овцо, гуско, глупача, мрсница, стрвна газица, лакома крава, мрсна, тупа… Моите колешки се жени кои се плашат да го дигнат гласот и го прифаќаат ова ко да е нормално.
Епа јас не можам така. Мене ме боли и секоја навреда упатена кон било која жена си ја поимам ко кон мене да е упатена. Јас не барам кој знае што.
Јас само сакам да се слушне дека во Македонија постои шугаво место каде што одиш ко човек, работиш вредно и си одиш дома и исмеан и навреден и најчесто во солзи.
Луѓе помогнете ни, очајни сме!
Дојдете направете една анонимна анкета ќе видите за што ви зборам.
Дојдете и доволно е само да им погледнете во очите на овие жени.
Дојдете да го почувствувате стравот и стресот во нивните очи.
Ние веќе одамна не се чувствуваме ко луѓе. За нас можеби е доцна, но барем да се обидеме да смениме нешто за нашите деца. Ова едноставно не смее да се случува. Јас не сакам да растам внуче чие мајка која чесно си го вади лебот, некој на работа ќе се осмелува да ја нарекува курва, ороспија, крава и сето тоа ќе биде нормално и ќе помине неказнето.

(објавено на сајтот на движењето за социјална правда Ленка)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top