Министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ, најави итна истрага за случајот со помладиот советник во српското МНР, Вања Хаџовиќ, чии провокативни фотографии кружат на интернет.
– Не знам ништо за тоа, но ќе дадам налог да се испита случајот. Ќе ги добиете сите потребни одговори – изјавил министерот за „Блиц“.
Младата Хаџовиќ на својот профил на „Гугл“ објавила дека е вработена во МНР, но за нејзиното дипломатско искуство нема информации. Нејзините провокативни фотографии, пак, можат да се сретнат и на одредени машки веб-сајтови.
Според извори на „Блиц“, девојката неодамна запишала дипломатска академија и се подготвува за служба во странство иако не се познати критериумите за нејзиното ангажирање.
– Позицијата помлад советник е најслабоплатено работно место за факултетски образувани кадри. Со таа функција се тргнува во светот на дипломатијата – велат од тамошното МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.