| четврток, 6 декември 2018 |

Разголената српска дипломатка под истрага

1vanja500

Министерот за надворешни работи на Србија, Иван Мркиќ, најави итна истрага за случајот со помладиот советник во српското МНР, Вања Хаџовиќ, чии провокативни фотографии кружат на интернет.

– Не знам ништо за тоа, но ќе дадам налог да се испита случајот. Ќе ги добиете сите потребни одговори – изјавил министерот за „Блиц“.

vanja500

Младата Хаџовиќ на својот профил на „Гугл“ објавила дека е вработена во МНР, но за нејзиното дипломатско искуство нема информации. Нејзините провокативни фотографии, пак, можат да се сретнат и на одредени машки веб-сајтови.

Според извори на „Блиц“, девојката неодамна запишала дипломатска академија и се подготвува за служба во странство иако не се познати критериумите за нејзиното ангажирање.

2vanja500

– Позицијата помлад советник е најслабоплатено работно место за факултетски образувани кадри. Со таа функција се тргнува во светот на дипломатијата – велат од тамошното МНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top