Македонската пејчка отворено призна дека направила естетска корекција на нејзините усни. Првите коментари од пријателите се дека тие неколку илјада евра биле одлично инвестирани во новите усни на Бојана Атанасовска.
– Отсекогаш ме нервираше тој милиметар што недостигаше за моите усни да изгледаат сензуални. Резултатите по зафатот, како што гледате, се фантастични. Јас немав никакви компликации, болката исто така беше занемарлива, а отокот на усните брзо се повлече. Искрено јас веќе по неколку дена имав настап и пеев – вели Бојана за „Убавина и здравје“.
И самата Бојана е задоволна од новите усни, и вели дека би им препорачала на оние кои не се задоволни од своите усни да им веруваат на професионалците на естетската хирургија, но да не претеруваат со кубиците силикон. Дали таа претера, оставаме на вашиот вкус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


