| четврток, 6 декември 2018 |

Ново обвинение за генерал Горан Стојков

Goran Stojkov1

Се проширува истрагата против обвинетиот поранешниот генерал во МВР, Горан Стојков, кој беше уапсен во акцијата „Шпион“, објави „Канал 5“, во чија вест, која се повикува на информации од скопскиот суд, се вели дека тој може да биде обвинет и за недозволено држење оружје, за две парчиња оружје и муниција кои биле пронајдени при претресот во неговиот дом.

Стојков, кој досега беше осомничен за злосторничко здружување и изнуда, за ова дело тој минатата недела повторно бил сослушан во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top