Наспроти кажувањата на Владата дека до година ќе настапи подобрување во економијата, според предлог-буџетот за 2014 година, единствените три нешта што навистина ќе продолжат да растат се задолжувањето, бројот на прекршочни казни и раскалашеното (непотребно) трошење на власта. Идентични очекувања за 2014 година како во 2012 и 2013 година, посочи на прес-конференција Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.
Според него, ќе продолжат да опаѓаат реалните плати и куповната моќ на населението.
Како што истакнува, „тоа е моделот на владата на премиерот Никола Груевски кој, всушност, е себичен и кукавички. Себичен затоа што е корисен само за врвот на власта. Кукавички затоа што не се презема ниедна од тешките и „болни“ структурни реформи поради страв од непопуларност. Но, тие реформи се, едновремено, неопходни ако сакаме да имаме економски прогрес“, додава Узунов.
Узунов посочува неколку аспекти од предлог- буџетот за 2014 година, кои, според СДСМ, го доведуваат во прашање кредибилитетот на оваа власт во делот на економските предвидувања и проекциите кои се од исклучителна важност за движењето на целата македонска економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


