| четврток, 6 декември 2018 |

Новицки навива за Баерн Минхен

Германскиот кошркарски интернационалец и НБА ѕвезда во интервју за официјалната интернет страница на Бундеслигата, истакна дека омилен фудбалски клуб му е Баерн Минхен, а омилен играч му е Бастијан Швајнштајгер

dirk-500

„Кога растете во Германија фудбалот е дел од вашиот живот. Морам да признам, навивач сум на Баерн Минхен“, изјави Диркенштајн.

„Омилениот играч ми е Бастијан Швајнштајгер, ми се допаѓа и Томас Милер, а мојот добар пријател Мануел Ноер, е најквалитетниот чувар на мрежата на светот“, додава Новицки.

Тој е уверен дека европскиот и германски првак ќе ги одбрани титулите и оваа сеозна.

„По минатата натпреварувачка кампања нема многу сомнежи, клубот од Алијанц е фаворит за титулите. Игра многу брзо, Робен и Рибери се неверојатни“, заклучи Германецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top