Грција исполни 80 проценти од бараните финансиски мерки за периодот 2009-2016 година и нови мерки за штедење не се потребни, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас за време на дебатите во Парламентот пред гласањето за недоверба на владата.
-Во финансиската област ние исполнивме 80 проценти од неопходните барања за 2009-2016 година и нереализираните 20 отсто од реформите не бараат никакви нови мерки за штедење, што ќе влијаат на населението- нагласи министерот.
Јанис Стурнарас го нарече „голем успех“ постигнатото намалување на буџетскиот дефицит, регистрираното салдо во платниот биланс и овогодинешниот примарен буџетски суфицит. Претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ од 5 ноември се во Атина, каде водат преговори со грчката Влада за бараните од нив реформи во замена на следната транша од спасувачкиот пакет, во вредност од една милијарда евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција