| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешните сопруги на Том Круз се спријателија

Како што пренесуваат светските медиуми, Никол Кидман станала блиска пријателка со Кејти Холмс. Глумиците, кои беа во брак со Том Круз, секојдневно се слушаат на телефон и уживаат во разговорите за семејството и за кариерата.

– Имаат одличен однос, разговараат за тоа како им било во бракот со Том. Сепак, не разговараат за интимните детали, ниту, пак, за секс, туку разговараат за деца и што им се случува во животот – вели близок извор.

Никол од бракот со Том има две посвоени деца, дваесетгодишната Изабела и осумнаесетгодишниот Конор, додека, пак, Том со Кејти ја имаат седумгодишната Сури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top