| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија протера над 100 илегалци во Турција

shengen bugarija

Бугарија за време на викендот од своите граници со Турција врати над стотина илегални имигранти, изјави претставник на бугарското МВР, Светлозар Лазаров.
Според него, група мигранти е запрена на планината Странџа на југоистокот на Бугарија.
Околу 1.200 полицајци се распоредени кон крајот на седмицата во тој планински регион, каде што секојдневно стотина имигранти се обидуваат да ја преминат границата.
Лазаров изрази очекување дека ситуацијата ќе се смири.
– Ја блокиравме границата и ќе отвориме нови прифатни центри за сместување на имигрантите, но оние што се соочуваат со депортација или ако обработките на барањата за азил им се во тек, нема да можат своеволно да ги напуштаат. Луѓето кои се во очигледен хуманитарен проблем, како што се мајките со деца, ќе бидат сместени во центри и нивните бањата ќе бидат обработени по забрзана процедура – вели Лазаров.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветлин Јовчев минатата недела најави акциски план во согласност со кој ќе се забрза процесот на протерување на економските мигранти од земјата, која веќе е оптоварена со проблемот на сиромаштијата. Јовчев рече дека имигрантите кои „немаат основа да бараат хуманитарен или бегалски статус“ ќе бидат протерани од Бугарија во рок од три дена.
Тој изрази уверување дека бројот на имигрантите драстично ќе се намали од следната година благодарение на засилените мерки за безбедност по должината на границата со Турција, главна точка на влез на имигранти во Бугарија.
Во Бугарија само оваа година пристигнаа околу 8.800 имигранти, од кои 60 отсто Сиријци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top