| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисменка в затвор за крадење струја

крадци струјаГодина затвор и висока парична казна, и пресуди Основниот суд Скопје 1 на 54-годишната Р.П. од Скопје поради кражба на електрична енергија. Строгата пресуда, управителката на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија, ја добила поради манипулација на броилото за да не ja регистрира соодветно потрошената електрична енергија.

Ова е втора затворска казна за електрична енергија. Во август оваа годинава затвор дови и скопјанецот М.С. Согласно законот, покрај високата парична казна може да се изрече и затворска казна во трањење до пет години за кражба на струја.

Во првите девет месеци од годинава ЕВН Македонија откри 1200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра. Притоа државата е оштетена за процентот на ДДВ, а  крадците потрошиле 20 милони киловатчаса електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top