Бразилскиот интернационалец Рикардо Кака кој ова лето се врати во редовите на Милан каде ја доживеа својата фудбалска афирмација и беше најдобар играч на светот, се чини е единствената светла точка во тимот од Милано.
Тој нема настапено во за својата земја повеќе од една година, но селекторот на бразилската репрезентација Луис Фелипе Сколари знае дека Кака напорно работи на теренот како би можел да се врати во составот и да учестувава на светското првенство во 2014 кое се одржува токму во неговата земја.
– Среќен сум што се врати во тимот кој го сака и каде што игра редовно. Го гледам секој меч на Милан и сигурен сум дека ако продолжи да игра вака, можеби и да се надева на СП во Бразил – изјави Сколари.
Сколари изјави дека вратите од репрезентацијата се сеуште отворени и за вториот бразилец во Милан Робињо кој игра се подобро од меч во меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.