| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со нова победа во АБА лигата

mzt 2013 (14)

Со новата победа во седмото коло во јадранската АБА лига екипата на МЗТ Скопје влегува во победнички ритам по лошите резултати во изминатите две недели.
МЗТ ја победи екипата на Крка со 80-75. Гостите добро го отворија наптреварот и во првата четвртина дојдоа до водство од три поени разлика 20-23. Највисоката предност за Крка изнесуваше осум коша 13-21, но по тајмаутот на Вукоичиќ Чековски постигна тројка и најави целосен пресврт.
Вториот дел почна со одлична игра на Рејнолдс и Костовски кои комбинираа осум поени за целосен пресврт од 28-25. Во текот на овој период МЗТ дојде и до највисоки седум поени (35-28). Со поените на Стојановски и Костоски во финишот на полувремето МЗТ отиде на одмор со осум поени разлика (39-31). Во овој период Крка успеа да постигне само осум поени.
Во второто полувреме МЗТ продолжи каде и го заврши првиот дел. Со ангажирана игра во одбраната и разновидниот напад упсеа да дојде до 12 коша разлика (43-31). Сепак офанзивниот скок на гостите проработе повторно и предноста се стопи на четири поени, но со серијата од четири коша на Костовски на одмор од третиот дел се отиде со резултат 58-50.
Во последниот дел тимската игра на МЗТ продолжи и екипата на Вукоичиќ се до три минути до крајот имаа солидна предност. Неочекуван пад во играта го доведе МЗТ до состојба да стравува за победата бидејќи на 52 секунди до крајот имаше само 4 поени предност. Сепак Крка која беше во бонус правеше непромислени лични греши кои ги казни Стојановски со шест коша од линијата за слободни фрлања и со тоа ја осигура победата на аеродромци од 80-75.
Колективната игра на МЗТ ја докажува и листата на стрелци. Дури шест играчи имаа двоцифрен број на поени. Стојановски со 14 ја предводеше листата, а следнуваа Рејнолдс и Гечевски со 12 и Дејвис, Чековски и Костоски со 11 поени.
Следниот натпревар МЗТ го игра во Задар каде и гостува на истоимената екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top