| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец уапсен во Грција – ограбил 76 станови

kradec kuka

Триесетиосумгодишен македонски граѓанин е уапсен во Атина поради обвинение  за организирани грабежи во Солун. Уапсениот, кој се води како бегалец од затворот во Трикала, се товари за 76 грабежи на станови во населбите Каламарија, Панорма, Аналипси и Пилеа во источниот дел на Солун.

Според грчката полиција осомничениот Македонец и уште двајца негови соработници од јули до октомври украле 67.400 евра во готовина и предмети вредни 85.000.

Уапсениот, кој бил фатен во атинската населба Глифада на 24 октомври, ќе одговара пред судот во Солун. По него се трагало уште од декември 2012 година, кога ја злоупотребил неколкудневната дозвола за излез и избегал од затворот Трикала каде што одлежувал повеќегодишна казна за кривични дела.

Според извештајот од полициската истрага, крадците дејствувале ноќе, со изнајмени возила, во згради со незаштитени надворешни порти. Весникот „Та неа“ коментира дека се работи за „вредна“ банда која успевала во една вечер да провали и до четири стана. Покрај готовината од вкупно 67.400 евра, тројцата краделе и накит и злато, електронски уреди, лични предмети, клучеви од автомобили, како и банкарски картички. Криминалната банда успеала да украде и девет луксузни автомобили со идеја да ги продаде. Полицијата соопшти дека од украдените автомобили, пет биле пронајдени во Грција, а два во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top