| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена канцеларијата на муфтиството на ИВЗ во Охрид

ohrid-grad-640x320

Непознат сторител синоќа провалил во концеларијата на охридското муфтиство на Исламската верска заедница, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, јави „Канал 5“.

Кражбата биле извршена во текот на изминатото деноноќие, а била пријавена во полицијата утрово во 8.45 часот. Сторителот со употреба на физичка сила и со удар насилно го отворил прозорецот од задната страна на објектот и успеал да влезе во внатрешноста на канцеларијата. Притоа со соодветен алат ја отворил металната каса, од која украл околу 180.000 денари, сто евра, еден златник и пет златни прстени,

Полицијата изврши увид на местото на провалата и се преземаат мерки за откривање на провалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top