| четврток, 6 декември 2018 |

30 дена екстрадиционен притвор за Зоран Божиновски

zoran bozinovska11

Зоран Божиновски доби 30 дена екстрадиционен притвор. Ваква одлука донел истражниот судија во Нови Сад ноќеска по полноќ по сослушувањето на Божиновски, соопшти портпаролот на тамошниот суд, Светлана Томиќ Јокиќ.

– Зоран Божиновски, сопственикот на порталот „Буревесник“, бил приведен во Нови Сад по налог и потерница распишана од Интерпол со обвинување за злосторничко здружување и шпионажа – изјави Томиќ Јокиќ.

Српските власти сега очекуваат официјално барање за екстрадиција од македонските власти. Откако ќе биде разгледано барањето, српското Министерство за правда ќе реши дали ќе го испорача во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top