Турскиот актер Неџати Шашмаз, познат како Полат Алемдар од популарната серија „Долина на волците“, е заинтересиран за купување најмалку еден стан од новиот комплекс згради кои се градат во Аеродром, пренесува „Република“ на албански јазик.
По топлото гостопримство со кое беше дочекан во главниот град на Македонија во 2009 година, актерот емоционално се поврзал со Скопје. Од друга страна, комплексот на турската компанија „Џевахир холдинг“ во Аеродром ќе биде еден од најлуксузните станбени комплекси на Балканот, што било доволно да се привлече вниманието на Шашмаз.
Иако информацијата сѐ уште не е потврдена, извори блиски до актерот тврдат дека тој бил заинтересиран за луксузните апартмани кои се наоѓаат на 41. и 42. кат, чија продажба почнува денеска (8.11.2013).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром