
Индиец ја силувал 17 годишната бремена ќерка, а потоа ја убил затоа што се омажила без негова дозвола. Ова злодело се случило во селото Утар Прадеш, само неколку недели откако младата двојка се венчала во храм во близина на Мумбаи.
Откако таткото дознал дека неговата ќерка се венчала без негова согласност, таткото решил да ја побара и да ја врати во селото. Но, таа одбила да појде со него, па тој насилно ја извлекол од куќата и брутално ја силувал. Потоа го повикал и пријателот и тој да ја силува за да ја научат на лекција затоа што го извалкала семејното име.
Поради страв дека ќе ги пријави, двајцата мажи ја задавиле со нејзиниот фустан и телото го оставиле во покрај куќата. Следниот ден се вратиле да се уверат дека е мртва, а телото го скриле во грмушки.
Телото на несреќнат девојка можеби никогаш немало да биденајдено ако монструмот во една прилика не се напил во ресторан, па на келнерот му ги открил деталите од злосторството. Келнерот го пријавил случајот во полиција, која го уапсила и таткото и неговиот пријател.
Кога го пронашле телото, тоа било во фаза на распаѓање. Се уште не е познато каде бил сопругот на девојката и како не приметил дека му ја нема сопругата. Полицијата трага и по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


