Јавното обвинителство реши обвинението за скопјанецот Сами Љута, кого полицијата го уапси во август годинава на граничниот премин Блаце, да го додаде кон актуелното обвиние за смиљковскиот масакар, за кој досега беа обвинети шестмина за тероризам и помагање тероризам.
Според обвинителството, тој им бил логистика на убијците и внимавал да не наиде некој во моментот кога била извршена ликвидацијата.
Ако Љута седне на обвинителна клупа заедно со Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Хаки Азири и Фејзи Азири ова ќе биде втор пат како „Монструм“ ќе се врати од почеток. Минатиот месец процесот беше вратен поради промената на поротникот, кој беше заменет со нов бидејќи беше во роднинска врска со новоименуваниот бранител на дел од обвинетите, адвокатот Ѓорги Настевски. По трет пат судењето може да се врати од почеток по евентуална екстрадиција на двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои во Косово заработија две, односно 2,5 години затвор за нелегално поседување оружје.
Во меѓувреме, апелацискиот суд во Приштина треба да се изјасни за жалбите за нивните затворски казни. Законскиот рок за притворот на обвинетите во „Монструм“ истекува во октомври в година.
Остана отворено прашањето како автомобилот „опел омега“ се најде во близина на местото каде што се случи петкратно убиство кај Смиљковци.
Вештачењето на МВР, по барање на одбраната, покажало дека земјата од калниците на опелотт не се совпаѓа со земјата од Вражји Вир, местото каде што беше пронајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“