Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи-пречистен текст („Сл.весник на Република Македонија”бр.54/13), член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, и Одлуката бр.026537 од 06.11.2013 година, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За пополнување на работно место со 1 (еден) работник и засновање на работен однос на неопределено време за извршување на работи во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следното работно место:
Советник во Кабинет на Генерален директор, 1 (еден) извршител, со ВСП , VII 1 степен на стручна подготовка или VIA/240 ЕКТС, со 2 (две) години работно искуство, со основна нето плата изразена во паричен износ од 45.300,00 денари.
Со пријавата кандидатите треба да достават:
– Мотивациско писмо
– Peзимe (CV) со кратка биографија
– Доказ за завршено соодветно образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
– Доказ за работно искуство,со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/ орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство,вештини и слично ( во оригинал или копија заверена кај нотар)
– Уверение за државјанство (во оригинал или копија заверена кај нотар)
Огласот трае 5 пет работни дена од денот на објавувањето.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно, со 8 работни часа дневно, почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7,45 часот до 08,15 а заминување од работа од 15,45 часот до 16,15 часот.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол,раса,возраст,политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.
За извршениот избор пријавените кандидати ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Рокот на пријавување и доставување на документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фримзим Даути нов директор на НУБ „Св. Климент Охридски“
-
Заев вработува посебен советник за труд и социјална политика, плата 50.000 денари
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Циркузант-директор на Управа за финансиско разузнавање