Албанската полиција во акцијата на излезот од селото Лазарат заплени 150 килограми марихуана. Таа била спакувана во 120 пакетчиња натоварени во „мерцедес“ со фалсификувани регистарски таблички. Завчера ноќта грчката полиција во близина на Превеза запленила 526 килограми марихуана, која исто така потекнува од истото албанско село.
Лазарат, кое го носи епитетот фабрика за марихуана и понатаму е бастион во кој полицијата нема пристап.
Деновиве, Артан Дида, новиот директор на албанската полиција призна дека полицијата не може да влезе во селото, додавајќи дека тоа е комплексно прашање во чие решавање треба да бидат вклучени сите релевантни инситуции во земјата. Во селото годишно се проиведува по 900 тони марихуана од која жителите заработуваат 4,5 милијарди евра. Германскиот медиум Дојче Веле неодамна сними видео репортажа од селото, што е вистинска реткост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.