Капа и очила за сонце, тоа е препознатливиот моден имиџ на глумецот Леонардно Ди Каприо. Така облечен се појави и на натпреварот од Лигата на Шампиони во Париз.
Популарниот глумец уживаше во одличниот фудбал на Златан Ибрахимовиќ и останатите ѕвезди од тимот на ПСЖ.
Иако модните додатоци требаше да го скријат од новинарите и од објективите на фотографите, тие уште повеќе го направија впечатлив на трибините.
На натпреварот во Паркот на принцовите, Леонардо мечот не го следеше сам, еден ред над него седеше неговата мајка Ирмелин Инденбиркен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.